Joomla 3.5 Templates by FatCow Complaints
  • Менаџирање на односи со купувачи…
  • Враќање на податоци…
  • Соработка и содржински менаџмент…
  • Инфраструктура на компанија…
  • ИТ консултации…
  • Онлајн продавница…
  • Менаџирани решенија и ИТ аутсорсинг…
  • Компјутерски мрежи и сервисирање на компјутери...
  • Системска интеграција…
  • Веб решенија…

Зошто ви е потребен IT Group

     IT Group нуди сеопфатна понуда на ИКТ услужни решенија, како што се изградба на инфраструктура, вмрежување, безбедност, сервери и уреди за складирање до решенија за крајни корисници на компјутерска опрема. Нашите клиенти имаат доверба во нашата компанија поради високото искуство на нашиот тим и високо квалификувани професионалци.

     Нашиот деловен кодекс е базиран на технолошките решенија и деловната стратегија на нашите клиенти врз основа на нивните побарувања да се донесат најадекватни решенија за поголема ефикасност. Затоа ние градиме решенија во соработка со нашите клиенти во зависност од нивните потреби.

Зошто ви е потребно сигурно бекап решение?

     Сите знаеме дека во денешно време во секој момент треба да имаме бекап на нашите податоци. Дури можеме да замислиме дека бекап-от на нашите податоци е од особено значење за нашиот мир и благосотојба. Самата помисла дека нашите податоци (слики, видеа, документи... она што секој што користи компјутер го има зачувано некаде во текот на годините од работењето) се безбедни и трајно зачувани не прави спокојни.

     Во денешно време повеќето корисници не обрнуваат внимание на бекап на податоците, па во моментот на случување на хаварија или од било која основа губење на податоците, се активираат и размислуваат како на потежок пат да ги повратат истите. Повеќе...

„Паметно“ инвестирање во опрема

     Купувањето на компјутерска опрема е голема инвестиција. Со многуте различни опции кои се на располагање, се појавува потешкотија во изнаоѓање на вистинска конфигурација која ќе ви ги исполни техничките потреби во компанијата, а сепак да остане во рамките на вашиот буџет.

     Во следните неколку точки ќе се обидеме накратко да ви ја објасниме потребата од „паметно“ инвестирање во компјутерска опрема.

     Следните работи треба да ги разгледате пред да се одлучите со купување на нова опрема:

     1. Дали имате потреба од нов компјутер?

       - Голема е веројатноста со процесот на одржување или поедноставно со дополнување на одредени делови во вашиот компјутер да се забрза работата на компјутерот и да се одложи купувањето на нова опрема во нареден период. Повеќе...

Менаџирање на ИТ услугите

     Со планирање на ресурсите на компанијата можете да ги интегрирате сите податоци и процеси во компанијата во еден унифициран систем, каде можете да имате многу придобивки како што се стандардизацијата и намалување на трошоците за одржување (еден систем наместо два или повеќе) со цел полесно и подобро движење низ информациите и документите кои ви се потребни.

     IT Group може да ги интегрира и автоматизира следните бизнис процеси во вашата компанија:

       - Финансиски - кеш менаџмент, сметки за плаќање, сметки за примање средства, фиксни средства

      - Менаџмент на добавувачи - Инвентар, влез на нарачки, нарачки, изработка на производот, планирање на синџир на добавувачи, проверка на производот, пресметка на провизија. Повеќе...

Враќање на избришани податоци   

     Враќањето на изгубени податоци од медиум е процедура на копирање на податоци од медиум за складирање во случаи кога истиот не е пристаплив во стандардните начини за пристап.  IT Group употребува напредни алатки и техники со цел да понуди најбро и најбезбедно враќање на изгубените податоци.

     Секој проблем е различен и специфичен па затоа ние нудиме професионален пристап кој секој медиум. Цената за процесот на враќање на податоците е еднаква за сите наши клиенти и тие не зависат од големината на податоците кои ќе се вратат или од колкаво значење се истите. Цените зависат исклучиво од видот на дефектот кој е настанат на медиумот. Повеќе...

3D принт

3Д принтањето или повеќе познато во индустријата како адитивно производство е процес на изработка на објекти во три димензии според предходно изработен компјутерски цртеж. Финалниот производ од 3Д принтаниот објект се базира на употреба на адитивни процеси. Во адитивниот процес на изработка, објектот е поставен на подлога и на истиот се додаваат различни слоеви се додека целосниот објект се креира. Секој од овие слоеви се разликува како тенко изработен хоризонтален дел од секој објект. Повеќе детали можете да погледнете на следниот линк